Холандскиот Формула 1 возач, Макс Ферстапен долго време беше во центарот на вниманието поради фантастичните кругови на стазите ширум светот, но како што болидот на Ред Бул почна да ја губи трката зад првенствено Мекларен, така фокусот премина на неговото однесување.
Актуелниот шампион и лидер на шампионатот во 2024 година беше прозван за недоличното однесување на пресконференцијата по Големата награда на Сингапур кога искористи пцовки за отсликување на својот болид па беше повикан на разговор со раководството на ФИА.
Таму би било ставено дознаење дека како возач број еден тој е пример за останатите и мора да обрне внимание на однесувањето, открива поранешниот возач Џони Херберт кој сега е еден од официјалните лица во ФИА.
„Знам дека претседателот има замерки за неговиот јазик. И возачите го осудуваат однесувањето на Макс на пресконференцијата за медиуми. Многу млади ширум светот го сакаат овој спорт и ги обожуваат овие возачи. Тие мораат да сфатат дека имаат улога на пример за останатите. На Макс и ФИА останува да ја утврдат казната. Разговарав со него дваесетина минути и гледам дека сака да поработи на однесувањето“, вели Херберт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА