Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа и втор пораз на пријателските натпревари против Албанија. Македонија денеска во Охрид загуби со идентични 1-3 (0-2), како и пред три дена на дуелот кој се одигра во Албанија.
Албанките победија со головите на Бајрактари во 2. минута, Красниќи во 43. минута и Рахмани во 67. минута. Единствениот погодок за македонската селекција беше дело на Рочи од пенал во финишот од натпреварот.
Претходно, во првото полувреме, при 0-1 за гостинките капитенот на македонската селекција Наташа Андонова не реализираше удар од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА