Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години уште еднаш го потврди својот квалитет и со втората победа на пријателскиот двомеч против Романија на гостински терен.
По триумфот на првата средба од 0-2 со головите на Фазлагиќ и Георгиевски, македонската селекција денеска на вториот меѓусебен дуел славеше со 0-1. Стрелец на единствениот гол за Македонија беше Колевски во 66. минута од средбата.
Избраниците на Добринко Илиевски доминираа во текот на целата средба, искористувајќи една можност за погодок од неколку во второто полувреме.
МАКЕДОНИЈА – У17: Денковски, Гроздановски, Симоновски, Перчески, Антовски, Османовски, Фазлагиќ, Трајкоски, Чурлинов, Сали, Колевски. Уште играа: Велковски, Алтин, Георгиевски, Додевски, Ајдини
Селектор: Добринко Илиевски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА