Шахистите на Алкалоид запишаа и втора убедлива победа на Европското клупско првенство кое се одржува во Порто Карас, Грција. „Фармацевтите“ овој пат славеа против израелскиот Реховот, додека вториот наш претставник на Купот, ШК Гамбит ремизираше со грчкиот Е.С Тесалоникис.
Алкалоид во 2. коло славеше против Реховот со 5,5-0,5 откако единствено Павел Елјанов ремизираше со Израелецот Златин на петтата табла. На првата табла Динг го победи Городецки, а без проблеми победи остварија и Ју, Андрејкин, Јаковенко и Криворучко за конечни 5,5-0,5.
Гамбит Асеко не можеше до втора победа на ЕКК откако играјќи 3-3 против Е.С Тесалоникис. Двете победи ги остварија Николовски и Динев, а загубија Подлесник на петтата и Данчевски на втората табла. Ремизираа Арнаудов и Стојчевски.
Алкалоид по почетните две кола е на врвот од табелата меѓу трите екипи со максимални две победи. Притоа единствено Нови Бор има 12 поединечни поени по двете победи од по 6-0, а Алкалоид е на второто место со 11,5 поединечни поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА