ИААФ ја продолжи суспензијата за руските атлетичари

Руските атлетичари остануваат суспендирани од меѓународните натпреварувања, објави Меѓународната атлетска федерација. ИААФ ја суспендираше Руската атлетска федерација во ноември 2015 година, поради системски организирано допингување на атлетичарите. Суспензијата ќе остане на сила се додека не бидат достапни резултатите од московската анти-допинг лабораторија.

Ова е десетта одбиена жалба од страна на ИААФ, за повлекување на суспензијата на Aтлетската федерација на Русија. Одлуката која ја донесе ИААФ е во договор со Меѓународната анти-допинг агенција (ВАДА) и со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) кои ги повлекоа супензиите.

И покрај суспензијата право за настап на натпреварувањата, под знамето на ИААФ ќе имаат сите руски атлетичари кои не се поврзани со допинг скандали.

Се вчитува...