Бројот на дисциплини на еден митинг во Дијамантската лига ќе биде намален од 32 на 24, најавија официјалните лица на Меѓународната аматерска атлетска федерација. По едногодишно истражување, ИААФ одлучи времетраењето на митинзите да биде намалено од два часа, на деведесет минути. Од 2020 година календарот наместо постоечките четиринаесет натпреварувања, ќе бидат вметнати дванаесет и ќе има само еден завршен митинг.
„Сакаме Дијамантската лига да ја направиме посилна и поинтересна за нашите спортисти и фанови“ – истакна претседателот на ИААФ Себастијан Коу.
Од ИААФ информираа дека во натпреварувањата најдолга ќе биде трката на 3 000 метри, што донесе големо незадоволство кај атлетичарите кои настапуваат на трките на 5 и 10 километри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА