Напаѓачот Мејсон Гринвуд нема да тренира ниту да игра за Манчестер Јунајтед и покрај тоа што вчера беше пуштен од притвор со кауција. Оваа информација ја потврдија од клубот.
Вчера 20-годишниот англиски фудбалер беше пуштен со кауција. Тој е осомничен за силување, сексуален напад и смртни закани.
Минатата недела девојка го обвини дека и нанел тешки телесни повреди во октомври минатата година. Веднаш беше избришан од Манчестер Јунајтед, клубот веќе забрани продажба на дресови со неговото име, неколку „ѕвезди“ меѓу кои и Де Геа и Роналдо не го следат повеќе на Инстаграм, а и популарната игра ФИФА го избриша од играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

