Иако е повреден, Халанд ќе патува со репрезентацијата како поддршка

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, нема да биде на располагање за норвешката репрезентцијата за последните два меча во квалификациите против Летонија и Холандија. Тие два меча се одлучувачки за пласман на Норвежаните на Мундијалот, а без робусниот голгетер ќе биде многу тешко.

Последниот дуел против Холандија ќе одлучи кој директно ќе патува во Катар, а кој ќе мора преку бараж.

Меѓутоа Халанд ќе патува со репрезентацијата на Норвешка, и тоа како поддршка. Ќе биде на трибините и на мечот со Летонија дома, а потоа и против Холандија на гости во Амстердам. И Борусија Дортмунд му дозволила на голгетерот да замине со својот национален тим како поддршка.

Се вчитува...