Фудбалерите на Милан вечерва од 21 часот на Сан Сиро ја пречекуваат Црвена Звезда во натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите.
И додека избраниците на тренерот Пол Фонсека се подготвуваат за дуел со шампионот на Србија, изјавата на легендарниот фудбалер на „росонерите“ Звонимир Бобан одекнува во Италија.
Познатиот хрватски фудбалер не доби покана за прославата на 125-тиот роденден на клубот, што го погоди исклучително тешко.
„Тим кој испиша историја, Милан е историја, величенствен и фантастичен клуб. Кога еднаш ќе разберете колку е елегантен и колку победнички дух носи, никогаш не можете да се одделите од тие бои. Јас не сум роден како навивач на Милан, туку кога ме контактираа, татко ми без размислување ми рече веднаш ми рече да одам таму“, изјави Бобан за „Скај спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА