Ракометната репрезентација на Македонија вечерва против Хрватска ќе го одигра првиот контролен натпревар во подготовките за учеството на Европското првенство 2026 година.
Македонија на шампионатот е во група со Данска, Португалија и Романија, а вечерва ќе ја има првата контрола против Хрватска. Ракометарот на Хрватите, Филип Главаш даде свое мислење за вечерашниот натпревар.
„Не сме во полн состав, но тука нема лесни натпревари. Ова се подготовки за Европското првенство. Дуелот со Македонија ќе го сфатиме сериозно. Мило ми е што сме препознаени, за тоа се боревме, поставивме високо ниво и сега треба да го одржиме. Ќе биде интересен натпревар, Македонија е заедно долго време и се познаваат подобро. Ние имаме шаренолик состав, ќе видиме колку можеме да комбинираме за краток временски период“, рече Главаш.
Дуелот меѓу Хрватска и Македонија е закажан за вечерва во Пореч со почеток од 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

