ЕКИПА во Анталија, Турција
Горан Бошев
Аргентинскиот интернационалец Иан Пулеио е нов играч на Вардар. 27-годишното аргентинско крило потпиша двегодишен договор со „црвен0-црните“, и тој практично треба да биде замената за Роџерс Мато кој нема повеќе да биде дел од есенскиот првак.
Пулеио доаѓа од тимот на Арема, а во минатото бил дел од Дечиќ и Арсенал Тиват, а играл во неколку аргентински и колумбиски клубови.
Од друга страна, пак, извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски потврди дека Вардар не смета повеќе на Ворен Чимпембе, додека Фахад Бајо, играчот од Уганда, заминува на позајмица во Арсими до крајот на сезоната.
Неделковски потврди дека има преговори со неколку играчи од Јужна Америка, додека тимот е во потрага по лево крило и шпиц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

