Ибарими: Заслужено го донесовме шампионскиот трофеј во убавата Струга

Струга Тим Љум ја освои првата шампионска титула во својата историја откако во неделата славеше против Силекс со убедливи 3-0 во натпревар во кој најдобриот стрелец на првенството, Бесарт Ибраими стигна до 18 постигнат гол во сезоната.

Искусниот 36-годишник не го криеше задоволството од новата шампионска титула притоа заблагодарувајќи им се на сите инволвирани во стушкиот состав.

„Нормално, посебно задоволство е кога ќе го земеме предвид патувањето што го имавме во текот на целата сезона. Да не заборавиме дека од првото коло сме на лидерското место и мислам дека заслужено успеавме на крајот да бидеме прогласени за шампиони. Им благодариме на сите кои придонесоа за ова достигнување, а особено на челниците на клубот кои многу веруваа во оваа група што ја имавме и на крајот го донесовме шампионскиот трофеј во убавата Струга“, вели Ибраими.

Се вчитува...