Ибра, а не Консеисао, се појави на прес-конференцијата на Милан: „Тој е многу потресен…“

На редовната прес-конференција на Милан, веднаш по синоќешната победа над Верона од 1-0, не се појави вообичаено тренерот Серџо Консеисао, но на негово место беше Златан Ибрахимовиќ.

Новинарите беа изненадени, затоа што веќе на големо се зборува и за нетрпеливоста меѓу Ибрахимовиќ и Консеисао, но Ибра објасни дека Серџо не можел да присуствува поради смртта на легендарниот претседател на Порто, Жорге Нуно Пинто да Коста, кој вчера почина на 87 години.

„Јас сум тука бидејќи тренерот е во соблекувалната, тој е многу потресен од смртта на претседателот на Порто, тој му беше како татко. Па јас сум тука“ – објасни Ибрахимовиќ.

Пинто да Коста беше претседател на Порто цели 42 години, од 1982 до 2024 година, освојувајќи 68 трофеи во неговата ера, а голем дел од нив ги освои и Консеисао, и како играч и како тренер. Како играч трипати ја освојуваше португалската лига, а го освојуваше и купот и суперкупот. Како тренер исто така трипати го освои првенството на Португалија, четирипати триумфираше во португалските купови, и трипати во Суперкупот.

Се вчитува...