Ибра е лут на Мурињо, сака да си оди од „Олд трафорд“

Златан Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Манчестер јунајтед, но сега се кае откако го загуби првотимскиот статус кај Жозе Мурињо. За разлика од ланската сезона во која беше лидер на „ѓаволите“, Ибракадабра овојпат по рехабилитацијата од повредата се соочи со неочекувана ситуација – да мора да дреме на клупата за резерви.

Тој настапи како стартер на само еден натпревар, одигра едно полувреме и повторно се повреди, но во меѓувреме веќе ја почнал и потрагата по нов клуб. Швеѓанецот е разочаран од неисполнетите ветувања на Мурињо и сега сака што поскоро да си замине од „Олд трафорд“. Друг европски клуб не е опција за шведскиот волшебник, кој сега размислува за опција на друг континент. ЛА галакси останува максимално сериозен во намерата да го доведе Ибрахимовиќ во своите редови, но понуди подготвуваат и клубови од Кина.

Едно е јасно, Златан Ибрахимовиќ ќе нема проблем да најде нов клуб и повторно добро да заработи, дури и на 36-годишна возраст.

Се вчитува...