Ибра ја избра музиката пред фудбалот, Милан се согласи – Златан доби понуда која не може да ја одбие

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ (39) ќе заработи 250.000 евра за учество во Санремо! Напаѓачот на Милан ќе биде специјален гостин на познатиот музички фестивал од 2-ри до 6-ти март, за што организаторите ќе му плаќаат по 50 000 евра на ден.

Фудбалскиот клуб од Сан Сиро му даде целосна поддршка на Ибра да гостува во Санремо, бидејќи тоа дополнително ќе влијае на медиумската популаризација на клубот.

Ова е големо олеснување за Ибрахимовиќ бидејќи тој веќе се согласил да се појави на музичкиот настан. Имено, Милан би можел да го има првиот проблем поради својот напаѓач, бидејќи на 3 март игра првенствен натпревар против Удинезе. Поради тоа, тие дури размислувале и за поместување на мечот во Серија А, но тој план е откажан.

Со појавување на традиционалниот фестивал, Златан ќе застане рамо до рамо со многу фудбалски ѕвезди кои беа специјални гости на Санремо, вклучувајќи ги Кристијано Роналдо, Роберто Баџо и Франческо Тоти.

Се вчитува...