Ибра: Меси и Роналдо немаат вродени квалитети, длабоко во себе знам дека сум најдобар

Контроверзниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, е познат како еден од најдобрите фудбалери, но и покрај тоа никогаш не ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) и не ја доби „Златната топка“.

Ибра даде изјава за „Франс Фудбал“ и кажа дека не се смета себеси за најдобар фудбалер во светот и дека не треба да се споредува со други играчи.

„Ако зборуваме за вродени квалитети, јас немам помалку од Роналдо и Меси. Ако ги погледнете трофеите, јас не сум ја освоил ЛШ. Не знам како би сметале кој е подобар. Индивидуалниот квалитет доаѓа затоа што екипата е добра. Дали ми е жал зошто не ја освоив Златната топка? На Златната топка ѝ е жал што јас не ја освоив. Длабоко во себе знам дека сум најдобар во светот“, вели Швеѓанецот.

Се вчитува...