Ибра му го честита златниот медал на Ноле: Ти си едноставно најдобар

Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ преку социјалните мрежи му го честиташе златниот медеал на Новак Ѓоковиќ освоен на Летните олимписки игри во Париз.

Харизматичниот Ибрахимовиќ кратко напиша „Ти си едноставно најдобар!“.

За Новак Ѓоковиќ тоа е втор медал на Олимписките игри. Претходно во 2008 година во Пекинг го освои бронзениот медал.

Се вчитува...