Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ зелениот терен ќе го замени со филмското платно, откако потврди дека ќе ги покаже неговите актерски способности во култниот филм „Астерикс и Обеликс“.
Швеѓанецот ќе се појави во новиот дел од филмот и ќе добие улога на ликот Антивирус, а повеќе детали се очекуваат во текот на следниот период.
Според информациите, филмот требаше да се снима во 2020 година во Кина, но сето тоа беше одложено поради пандемијата на Ковид-19, а премиерата е закажана за 1 февруари 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА