Ибра „распали“: Ме напаѓавте поради Бензема, а сега му го лижете задникот

Контроверзниот Златан Ибрахимовиќ повторно го привлече вниамнието на јавноста, откако и овојпат прогвоори без „влакна на јазикот“. Швеѓанецот потсети дека му дал поддршка на Бензема во 2018 година кога беше избркан од репрезентацијата на Франција и не беше повикан за Светското првенство.

Ибра во последното интервју за францускиот „Канал+“, се потсети дека бил еден од ретките кој застанал зад Карим кога речиси сите го осудиле за секс-скандалот со Валбуена, како и за изоставувањето од репрезентативниот дрес.

„Се сеќавате ли во 2018 година кога реков дека Карим Бензема заслужува место во француската репрезентација, а вие новинарите ме нападнавте. Што велите сега? Сега му го лижете задникот на Бензема! Не се плашам од овие зборови“, рече Ибрахимовиќ.

Се вчитува...