Ибра сам на себе си честиташе роденден: Среќен роденден Златан

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ реши да се почасти со нова „играчка“ за својот 41 роденден кој го слави денеска.

Одличниот напаѓач на социјалните мрежи се пофали со фотографија од уникатен модел на Ферари која си ја подарил себеси.

Слично се случи и за неговите претходни три родендени кога купуваше автомобили од иста марка со уникатен дизајн, поради што нивната индивидуална цена била над милион евра.

Ибрахимовиќ уште еднаш во свој стил сам на себе си честиташе роденден: „Кој не е добар за себе, не е добар ниту за другите“.

 

Се вчитува...