Ибра се почести со луксузен подарок и порача: Среќен роденден на Златан! (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ не се изнаигра оваа сезона во дресот на Милан, бидејќи го мачат повреди. Тој и официјално влезе во петтата деценија на животот, соиграчите веќе му приредија забава во тренинг центарот Миланело, а сега тој пак се најде во центарот на вниманието.

Швеѓанецот со босански корени реши за својот јубилеј на 40. роденден сам да си купи подарок. Тој се пофали со нов автомобил од марката Ферари, модел СФ90 Спајдер кој чини преку половина милион евра.

Скапоцениот подарок Ибра на социјалните мрежи го сподели со порака: „Среќен роденден на Златан“.

По операцијата ова лето, Ибрахимовиќ се врати за дуелот со Лацио во Серија А, даде гол, но ја обнови повредата и оттогаш пак беше надвор од протоколот.

 

 

 

Се вчитува...