Ибра со моќна порака – Не го предизвикувајте коронавирусот не сте Златан! (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ на својот инстаграм профил објави видео во кое упатува порака на своите следбеници да ги почитуваат правилата и да не го предизвикуваат коронавирусот. Тој на инстаграм им порача на Италијанците да држат дистанца и да носат маски како би се заштитиле од смртоносниот вирус.

„Вирусот ме предизвика мене и јас го победив. Меѓутоа вие не сте Златан, не го предизвикувајте вирусот. Користете ја главата и почитувајте ги правилата: дистанца и маска. Ќе победиме“, вели Ибрахимовиќ. 

 

Се вчитува...