Ибра во елемент: Да дојдев во САД пред 10 години, сега ќе ви бев претседател

Златан Ибрахимовиќ продолжува да ги освојува симпатиите на американската јавност со настапите на теренот во дресот на ЛА галакси, но и изјавите надвор од него.

Швеѓанецот го постигна голот за победа над Филаделфија, а веднаш потоа се најде во фокусот на американските новинари, кои го прашаа какво влијание направил со своето доаѓање во САД.

Па не станува збор за влијание, јас сум дојден овде да си ја вршам работата за која сум платен и го правам токму тоа“ – почна дипломатски Ибракадабра, а потоа не можеше да издржи, па во свој стил прокоментира: „Имаат среќа, да дојдев во САД пред десет години, сега ќе ви бев претседател“.

Еден е Златан, тоа е дефинитивно.

Се вчитува...