Aнгажманот на францускиот репрезентативец Јусуф Фофана е последниот во низата трансфери во Милан.
Фофана им се приклучи на Алваро Мората и дефанзивците Страхиња Павловиќ и Емерсон Ројал кои претходно го засилија тимот од Милано. Па, по Фофана, тренерот Паоло Фонсека истакна дека со тоа завршува за нив преодниот рок.
Но, Златан Ибрахимовиќ вели дека ништо не е завршено додека тој не каже дека е.
„Во моментов сме на шестиот ден од седум да го создадеме новиот Милан. Трансфер периодот завршува кога јас ќе го кажам тоа. Овие четворица играчи што ги доведовме беа приоритети уште пред да дојде тренерот Фонсека. Но, има уште“ – порача популарниот Ибра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА