Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ на фантастичен начин дебитираше за својот нов тим ЛА галакси во МЛС – лигата на САД. Во својот прв меч, иако влезе од клупата, тој за 20 минути постигна два гола и му донесе триумф на тимот.
По неверојатното издание, Ибрахимовиќ коментираше во свој стил.
„Слушнав дека во Лос Анџелес во барале Златан. Им го дадов Златан“, изјави Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА