Ибра заврши работа: Бисерот на Партизан се сели во Милан

Милан беше активен во зимскиот преоден рок, но Златан Ибрахимовиќ паралелно со тоа работеше напорно и на летните засилувања. Како што јавуваат италијанските медиуми,, директорот на Милан завршил одлична работа добивајќи ја трката по Андреј Костиќ, суперталентираниот напаѓач на Партизан кој во јули 2026 ќе се пресели меѓу „росонерите“.

Костиќ блеска во дресот на Партизан од стартот на сезоната, но бидејќи „црно-белите“ летово останаа без двајца стандардни првотимци, став на управата беше дека овој супперталентиран играч нема никакви шанси да го напушти клубот, иако имаше десетина понууди на маса.

Ибрахимовиќ седнал на маса со Предраг Мијатовиќ и начелно се договорени деталите за летниот трансфер, за кој Милан ќе плати осум милиони евра. Српскиот клуб бараше 10 милиони евра за Костиќ, но се согласи да ја намали сумата откако во договорот беше вклучен и процент од наредниот трансфер на овој суперталенторан офанзивец.

Се вчитува...