Ибрахимовиќ: Би бил тренер на Ајакс, сигурно ќе бидам подобар од тие што се сега

Златан Ибрахимовиќ и натаму ужива во фудбалот како дел од ЛА галакси во американската МЛС лига. Сепак, размислува и за иднината. Иако вели дека како играч не би се враќал во клубовите каке што претходно настапувал, не ја отфрла можноста да преземе тренерска позиција во клубот кој што го лансираше.

„Нормално не би се вратил во клубовите каде што сум играл, но можеби кога ќе ја завршам кариерата би станал менаџер на Ајакс. Сигурно би вршел подобра работа од тие што се сега“ – вели Ибрахимовиќ во изјава за британските медиуми.

Ибрахимовиќ играше за Ајакс од 2001 до 2004 година и освои две шампионски титули и по еден трофеј во Купот и во Супер купот на Холандија. Тој вели дека Ајакс е неговиот тим во Холандија и оти бил особено горд на успехот на тимот на европска сцена.

 

 

Се вчитува...