Ибрахимовиќ бил пред потпис со Реал, но Роналдо не дозволил?!

Европскиот првак Реал Мадрид се мачи со ефикасноста, а можел да ја реши со ангажманот на Златан Ибрахимовиќ. Шпанскиот „Дон Балон“ ја открива информацијата дека шведскиот напаѓач ова лето бил пред потпис со „кралскиот клуб“, но во последен момент трансферот го нарушил Кристијано Роналдо. Португалецот кога дознал дека Ибракадабра може да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, заминал кај Флорентино Перез и му порачал дека не сака таква конкуренција или во спротивно ќе си замине во Манчестер јунајтед.

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид не сака ниту да помисли во клубот да пристигне фудбалер што може да му украде дел од славата и вниманието што го добива во медиумите. А со Ибрахимовиќ тоа дефинитивно ќе беше случај.

Минатата сезона Ибрахимовиќ постигна 28 гола во дресот на Манчестер јунајтед, а иако тешко го повреди коленото, сепак, информациите велат дека експресно се опоравува. Затоа Жозе Мурињо одлучи да му даде нов едногодишен договор и да го задржи на „Олд трафорд“ и оваа сезона.

 

Се вчитува...