Ибрахимовиќ: Јас се уште сум далеку најдобар…

Златан Ибрахимовиќ смета дека е најдобар фудбалер во МЛС лигата, иако според бројките најдобар е напаѓачот на ФК Лос Анџелес, Карлос Вела кој досега има постигнато 19 гола и 12 асистенции. Популарниот Ибра смета дека Вела игра во своите најдобри години, додека тој е веќе ветеран, но и покрај тоа повторно е најдобар во МЛС.

„Далеку сум најдобар фудбалер во МЛС лигата. Тој ако е во своите најдобри години, колку години има? 29? Знаете каде бев јас кога имав 29 години“, изјави Ибрахимовиќ. 

Во следното коло се среќаваат токму тимовите на ФК Лос Анџелес и ЛА Галакси, што ќе биде дерби на колото бидејќи првите се наоаѓаат на првата позиција во Западната конференција, додека клубот на Ибрахимовиќ е третопласиран.

Се вчитува...