Ибрахимовиќ до Бобан: Ќе се пензионирам кога ќе најдам некој подобар од мене

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ на 41 година нема намера да застане со фудбалот. Тој во моментов се опоравува од повредата на коленото. Со Милан има договор до крајот на сезоната, и засега нема најавено пензија. Во интервју за „Газета“, Ибрахимовиќ, му одговори на Звонимир Бобан, кој кажа дека Ибра треба да ја заврши кариерата.

Швеѓанецот му одговори на нему својствен начин.

„Бобан рече дека треба да се пензионирам? Кога ќе видам играч подобар од мене ќе се пензионирам. Но, и натаму не можам да го пронајдам“, рече Ибрахимовиќ.

Тој додаде дека сега му е потребно трпение, и дека има намера да се врати на теренот после повредата и дека сега Милан е посилен од лани.

„Како екипа сме посилни од минатата сезона. Се засиливме добро летово, и сега имаме широка клупа. Да не ми се допаѓаше, не би бил тука“, вели Ибра.

Се вчитува...