Ибрахимовиќ добива отказ во Милан?

Милан одигра разочарувачка сезона која не ја спаси ниту трофејот во Суперкупот на Италија, ниту пласманот во финалето во Купот. Сопственикот Гери Кардинал не го крие незадоволството па за летото најавил драстични промени во тимот и стручниот штаб.

Покрај нов тренер клубот ќе добие и нов спортски директор кој ќе биде назначен од страна на Џефри Монкада и тој самостојно ќе ја одлучува иднината и на Златан Ибрахимовиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Поранешниот напаѓач по крајот на успешната кариера остана во Милан каде дели одговорности во спортскиот сектор заедно со Монкада и Фурлани, но каква одговорност ќе има во иднина останува отворено прашање.

Се вчитува...