Ибрахимовиќ: Дојдов во САД, ја видов и покорив… Сега заминувам, а вие гледајте си бејзбол!

По една година и осум месеци, 58 натпревари и 53 гола, од кои голем број вистински ремек-дела, Златан Ибрахимовиќ објави крај на соработката со ЛА Галакси.

Заминувањето од осмиот клуб во кариерата и САД, балканскиот шоумен со шведско државјанство го објави во свој стил на Твитер.

„Дојдов, видов и покорив. Благодарам на ЛА Галакси што ми овозможи повторно да се чувствувам жив. Навивачите на Галакси го сакаа Златан, им го подарив Златан. Нема на што. Приказната продолжува. А вие вратете се да гледате бејзбол“ – напиша Ибрахимовиќ, предизвикувајќи стотици реакции на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...