Ибрахимовиќ долго ќе го памети мечот против Специја

Милан запиша болен пораз од Специја синоќа во Серија А. Тотално беа немоќни „миланезите“ и покрај тоа што играа во силен состав.

Златан Ибрахимовиќ и друштвото не успеаја да упатат ниту еден шут во рамките на противничкиот гол што е понижувачки за тим кој се бори за Скудетото.

Ибрахимовиќ сигурно не се сеќава кога последен пат за време на еден натпревар не упатил удар кон противничкиот гол. Последен пат кога Милан немаше шут во рамките на противничкиот гол, Ибра играше за ЛА Галакси. Беше тоа во август 2019 година против Удинезе.

Се вчитува...