Поранешниот шведски голгетер со балканско потекло Златан Ибрахимовиќ кој во текот на пребогатата кариера настапуваше за едни од најголемите клубови во историјата направи избор на најдобрите фудбалери изненадувајќи ги многумина.
Во листата на најдобри на Ибрахимовиќ нема место за Кристијано Роналдо, а најголемиот ривал на легендарниот Португалец – Лионел Меси е само на третото место.
„За третото место ќе кажам Меси. Не сум сигурен дека му остана нешто што нема освоено. Марадона е број два. За мене, тој беше оној вистинскиот. Се што правеше, правеше од срце, со чиста емоција“, изјави популарниот Ибра пред да го избере и најдобриот.
„По мое мислење, Роналдо, феноменот,Бразилецот. Тој беше поим за фудбал. Кога гледате некој фудбалер, ден подоцна пробувате и да го имитирате“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

