Ибрахимовиќ го напушта ЛА галакси и се сели во Египет за огромни пари?

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ (36) доби непристојна понуда од Египет, да го засили тимот со име Пирамиди. Тој е во сопственост на милијардер од Саудиска Арабија, Турки Ел Шеик, кој посакува да го види Ибракадабра во својот клуб и за тоа нема да штеди пари. Се работи за баснословна сума, иако засега конкретната цифра не се појавила во јавноста.

Ибрахимовиќ има обврски со ЛА галакси со декември, кога завршува првенството во МЛС – лигата на САД, а потоа би можел да направи трансфер во Египет.

Во египетскиот тим Пирамиди како тренер на голманите е ангажиран бразилскиот тренер Дида, поранешниот чувар на мрежата на Милан.

Се вчитува...