Ибрахимовиќ го предупреди Халанд: Внимавај на Пеп…, тој не дозволува да бидеш поголем од него!

Во интервјуто за францускиот „Канал +“, легендарниот Златан Ибрахимовиќ не можеше да ја избегне и темата за Пеп Гвардиола, а поврзана и со Ерлинг Халанд кој е дел од Манчестер сити.

Халанд со доаѓањето во Сити се издвои како еден од најдоминантните голгетери на денешницата.

„Навистина ми се допаѓа Халанд кој е интелегентен играч. Не работи нешта кои се надвор од неговата зона на комфор. Чека пред голот и постигнува голови“ – вели Ибрахимовиќ, не пропуштајќи да го пецне Пеп Гвардиола, тренерот со кого е во лоши односи уште од меѓусебната соработка во Барселона.

„А, може ли Халанд да напредува под водство на Гвардиола? Тоа зависи од една работа, колкава е големо егото на Пеп. Ќе видиме дали ќе си дозволи на самиот себе да биде поголем од Халанд или не. Тука треба да внимава и Халанд. Мене и на некои играчи не ни дозволуваше да бидеме големи како него“.

Се вчитува...