Златан Ибрахимовиќ во свој стил го најави своето враќање на терените. Асот на Милан е надвор од терените од мај минатата година кога имаше операција на коленото.
Бранителот на титулата, моментално е во серија на лоши резултати, без речиси никакви шанси да го одбрани тронот во Серија А.
„Сè уште сум број 1. Јас сум Бог. Сега се враќам, музиката ќе биде поинаква. Имам огромна желба, сакам да направам толку многу, сакам да го надоместам изгубеното време во овие седум, осум месеци што не играв“, изјави Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА