Златан Ибрахимовиќ наскоро би можел да влезе во боксерскиот ринг! На почетокот оваа вест звучи бизарно, но во последните неколку дена се прошири пред се низ британските медиуми, а потоа и низ цела Европа. Имено, организацијата Misfits Boxing сака да го види Ибрахимовиќ во рингот како дел од еден од своите настани.
Станува збор за организација во сопственост на Јутјуберот КСИ, а освен него, на чело на организацијата се Кале и Нисе Зауерланд, долгогодишните промотори на Хрговиќ и Мамс Тејлор, пејачка која договара борби со светски ѕвезди. Сите борби ги пренесува DAZN, а токму Тејлор најави можност Ибрахимовиќ да настапи на еден настан.
„Се обидов да го убедам Златан дека може да се занимава и со бокс. Добри пријатели сме со неговиот менаџер и имавме средба меѓу нас тројцата. Беше навистина кул бидејќи тој гледаше многу борби на Misfits и ги следеше. Тој беше кикбоксер, би бил добар и во ова“, рече Тејлор потоа додаде:
„Ќе кажам дека се разговараше со Златан и Вејн Руни и мислам дека е само прашање на време кога тоа ќе се реализира. Во одреден момент тоа ќе се оствари“, вели Тејлор.
Руни, исто како Ибрахимовиќ, одамна е познат по својата страст за боречки вештини, а добро го познава Златан бидејќи беа соиграчи на Олд Трафорд кога играа под водство на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА