Милан ја оправда фаворитската улога против Венеција и запиша нова победа од 3-0 во Серија А, а еден гол беше постигнат од извонредниот Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот погоди за 1-0 по само 2 минути игра, за него тоа е осми гол на 13-от натпревар сезонава во Серија А, а Венеција е 80-от различен клуб на листата на Ибра на кој тој постигнал гол.
Одличниот напаѓач на овој начин успеа да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо.
80 – Venezia are the 80th different team against which Zlatan #Ibrahimovic has scored in the Big-5 European leagues: since 2000, the Swedish player became only the 2nd player to reach this milestone, after Cristiano Ronaldo (on December 30 v Burnley). Multiplicity.#VeneziaMilan pic.twitter.com/yUkJbAIxDH
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) January 9, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА