Златан Ибрахимовиќ се одлучи за уште една година да ја продолжи соработката со Милан, притоа сега нема да го носи бројот 21 на дресот но си ја собра „деветката“.
Овој број не беше среќен за напаѓачите на Милан по заминувањето на Пипо Инзаги, но легендарниот офанзивец смета дека сега клетвата е уништена.
„Тешко е во Милан да се носи бројот девет на дресот, но таа клетва не постои. Тоа ми се смешни тврдења. Сепак, ете со тоа што Ибрахимовиќ го зеде тој број мислам дека сега веќе сигурно ја уништил клетвата, ако таа постои“ – порача Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

