Златан Ибрахимовиќ без дилема е фантастичен фудбалер, но многумина му замеруваат за неговата ароганција, која често ја истакнува за време на неговите изјави. Швеѓанецот со босанско потекло има навика да каже дека има натприродни сили, а понекогаш знае и да се спореди со Бог.
Во роденденскиот разговор за официјалната страна на Милан, популарниот Ибра ја откри својата единствена слабост без која не би бил истиот фудбалер.
„Немам тајни и слабости, можеби имам една. Мојата сила е во мојата коса. Ако ми ја скратите косата, тогаш станувам слаб како Самсон“, потенцираше Ибра.
Златан игра со долга коса повеќе од 15 години. Последен пат имаше кратка фризура додека играше за Јувентус. Тоа беше во 2006 година. Според библиската традиција, светата книга меѓу христијаните се вели дека на Самсон му била дадена огромна сила да помогне против непријателот, па тој имал моќ да изврши натчовечки подвизи, вклучително и убивање на лав со голи раце и масакрирање на цела војска користејќи само коска од вилица на магаре. Меѓутоа, ако се скрати долгата коса на Самсон, тогаш ќе се изгуби неговата моќ од Назир и ќе ја снема силата.
Инаку, Ибрахимовиќ не успеа да се наигра на почетокот од оваа сезона, тој пропушти 984 минути во сите натпреварувања, што е приближно 11 натпревари. Според најавите, Златан треба да се врати на теренот по паузата на репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА