Милан следната сезона ќе биде предводен од нов тренер откако стана јасно дека Стефано Пиоли во јуни и официјално ќе ја заврши својата епизода на „Сан Сиро“. Во медиумите се споменуваат повеќе имиња за негова замена, а навивачите на „росонерите“ јавно ставија дознаење кој не сакаат да го превземе нивниот клуб.
Хулијан Лопетеги ја нема довербата на навивачите на Милан и тој отпаѓа од комбинација за „жешкото столче“, а според фановите приоритет треба да има Роберто де Зерби.
Италијанскиот стратег се прослави во Сасуиоло, го предводеше и Шахтјор, а правеше и чуда во првите месеци по ангажманот во премиерлигашот Брајтон па раководството на чело со Златан Ибрахимовиќ кој ја врши должноста на стручен консултант ќе направи се за да го врати 44-годишнииот стратег на Апенинскиот полуостров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА