Ибрахимовиќ кон поранешни соиграчи: Ќе ве убијам… Имам 300 милиони, сопствен остров, а вие тука ме зае.авате

Пред враќањето во Милан оваа година, Златан Ибрахимовиќ беше главна ѕверка во МЛС лигата во САД, во дресот на Лос Анѓелес Галакси. Но, неговиот карактер не бил баш соодветен за типот на лигата во САД. А, истиот тој негов карактер очигледно за брзо ќе го избрка и од дресот на Милан. Договорот му истекува ова лето, и најверојатно нема да биде продолжен.

Токму за карактерот на Ибрахимовиќ зборуваше и неговиот соиграч од ЛА Галакси, Бразилецот Жоао Педро, потсетувајќи се на една ситуација од 2018 година по мечот со Хјустон.

„На крајот од натпреварот влезе многу лут во соблекувалната и почна да ни држи говор. Рече дека има 300 милиони во банка, негов сопствен остров и еден куп недвижности по светот, и дека тоа што се ‘влече со нас’ воопшто не му треба. А потоа додаде: ‘Ако сте дошле да бидете на плажа или да се прошетате по Холивуд тогаш кажете го тоа. Првиот кој ќе ми каже нешто или спротистави, ќе го убијам“ – се потсетува Жоао Педро.

А, после тој говор тимот на ЛА Галакси заиграл далеку подобро… Златан за американскиот тим имаше 58 настапи постигнувајќи и 53 гола.

Се вчитува...