Ибрахимовиќ купува клуб во Англија?

Златан Ибрахимовиќ може да стане сопственик на клуб во Англија и да биде спасител на нисколигашот кој се дави во долгови. Станува збор за петтолигашот Хартлипул кој е само три бода над зоната за испаѓање од лигата. Пред неколку дена тимот остана без тренерен, а спасот за малиот англиски клуб доаѓа од Шведска.

Еден шведски конзорциум на чие чело е Даниел Киндберг кој е претседател на шведскиот клуб Остерсунд, заинтересиран е да го купи петтолигашот Хартлипул, а еден од инвеститорите во клубот кој е пред банкрот, би требало да биде Златан Ибрахимовиќ.

Остерсунд во четвртокот го шокира Арсенал со победата од 2-1 во Лондон, а првиот човек на шведскиот клуб, ја искористил посетата на Англија за да заврши и дел од процедурите за преземање на Хартлипул.

Старите сопственици на клубот одлучиле да ги прекинат вложувањата во англискиот нисколигаш, а шведскиот конзорциум во преземањето на Хартлипул видел шанса за пробив на англискиот пазар. Во сето тоа вклучен е и Златан Ибрахимовиќ. Името на фудбалерот отвора многу врати, неговото вложување во клубот би добило голем публицитет.

Се вчитува...