Пред бараж натпреварот со Чешка, репрезентативецот на Шведска 40-годишниот Златан Ибрахимовиќ зборуваше за фудбалска пензија. Иако веројатно ќе игра и наредната сезона, сепак, призна дека е во паника кога размислува за пензија.
„Чувствувам мала паника поради можноста да престанам да играм. Сигурно ќе продолжам што можам подолго, се додека бидам добар на тернеот. Што ќе биде понатаму не знам. Додека пишував книга се плашев. Улога во фудбалот? Ќе видиме кога ќе дојде денот. Можеби ќе почнам нешто ново, да одморам или целосно да се повлечам. Секако, адреналинот кој сега го имам, знам дека никогаш повеќе го немам. Програмиран сум да се разбудам, да одам на тренинг, да одам дома да се одморам. Треба да се забавувате додека играм, вакво нешто нема повеќе да видите“, рече Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ се врати во селекцијата на Шведска и ќе биде во комбинација за дуелот со Чешка. Тој и натаму чека продолжување на договорот со Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА