Ибрахимовиќ: Меси не е најдобар фудбалер на сите времиња

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со една негова интересна изјава.

Честа е дебатата кој е најдобар фудбалер на сите времиња, а обично дилемата е меѓу Лионел Андрес Меси и Кристијано Роналдо. Сепак, популарниот Ибра размислува поинаку.

„За трето место ќе кажам дека е Меси. Не знам дали му остана уште нешто за освојување. Втората позиција ќе му ја дадам на Марадона. За мене тој беше вистинскиот. Се работеше со срце, со емоција. Според мене, Роналдо, феноменот, Бразилецот е најдобар, тој беше фудбал. Кога гледате одредени играчи, ден подоцна се обидувате да ги имитирате“, вели Ибра.

Се вчитува...