По завршувањето на јануарскиот преоден рок од Милан, почнаа да пристигнуваат бројни пофалби за работата на Златан Ибрахимовиќ, кој е задолжен за сите спортски работи во клубот. Тој сега откри дека неговата партнерка Хелена Сегер е најзаслужна за неговата нова работа и сериозност.
Новинарите го пофалија неговиот стил на облекување што дојде со неговата нова работа – почна да се облекува елегантно, најчесто облечен во костуми, кошули и палта, а призна дека оваа промена не дошла по негова волја, туку дека му е драго кога луѓето го фалат и да биде искрен, треба да и се заблагодари на сопругата за тоа.
„На почетокот му ветив на тимот: никогаш нема да ме видите во костум и вратоврска. Но, секогаш кога сакам да се облечам како што сакам, Хелена само ме гледа и ми вели: „Денеска треба да носиш костум!“, кога ја прашувам зошто ми вели: „Имаш прес-конференција. Облечи ја вратоврската, молчи и одиме“, рече Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

