Ибрахимовиќ мразел четири личности, со еден од нив делеше соблекувална три години

Соиграчот на Златан Ибрахимовиќ од Лос Анџелес Галакси, Мајкл Чиани откри интересна приказна за легегендарниот Швеѓанец кој неодмана стави крај на блескавата кариерата во која броеше настапи за едни од најголемите клубови во светот.

Според Французинот, Ибрахимовиќ мразел три или четири личности, а еден од нив е Едисон Кавани со кој настапуваше заедно три сезони во редовите на ПСЖ.

„Златан ми говореше како во долгата и бурна кариера мразел само три или четири личности со кои се сретнал на теренот или делел соблекувална. Еден од нив е Едисон Кавани со кој играл заедно во ПСЖ. Ми кажа дека се било во ред со тогашниот тренер Лорен Блан, но не можел да го смисли Кавани. Не му се допаѓало ни доколку некој друг бил близок со него. Едноставно кога станува збор за Кавани вредело тоа „или си со мене или си против мене“, вели Чиани.

Се вчитува...