Фактот што пред неколку дена се врати во националниот тим на Шведска со 41 година, покажа дека Златан Ибрахимовиќ нема намера да стави крај на својата кариера.
Иако голем дел од натпреварите сезонава на клупски план ги пропушти поради повреда, Швеѓанецот многу веројатно ќе продолжи да игра и следната сезона, а тоа може да биде во друг клуб во Италија, односно да го напушти Милан.
На „Сан Сиро“ ужива статус на легенда, сепак, може да се случи да се пресели во тимот на Монца, кој првпат игра во италијанското елитно друштво.
Монца сезонава креираше неколку сензационални резултати, победувајќи го двапати Јувентус, а освои бод против Интер. На чело на тој клуб е тандемот Берлускони – Галијани, челници кои во минатото беа во Милан и направија со овој клуб големи работи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА