Златан Ибрахимовиќ не се изнаигра во оваа сезона и веќе некое време е во „аут“ и не може да му помогне на Милан, но без разлика на сите проблеми големиот борец не планира да застане и најверојатно ќе потпише нов договор со „црвено-црните“.
Меѓутоа засега тоа се само информации и нема официјална потврда, па се очекува појасна слика да има за ова во наредниот период. Во меѓувреме самиот Ибрахимовиќ говореше за својата иднина и јасно порача дека нема намера да се повлече и да ги стави копачките на клин се додека не освои трофеј со овој состав на Милан.
„Мојата иднина е фудбалот, мојот свет е фудбалот. Разочаран сум што не можам да играм во моментов, тоа навистина ме боли, особено кога на тимот му оди добро. Сакам да бидам таму и да му помогнам на тимот, направивме големи работи откако пристигнав и сега ни недостасува само еден елемент: трофеј. Се бориме да го постигнеме ова, нема да се откажам додека не освојам нешто со овој Милан“, изјави во свој стил Ибра.
Милан во игра е за два трофеи до крајот на сезонава – (Серија А и Купот на Италија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА